Брзите кредити – измама и чисто зло


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Само во 2022 година во Македонија се евидентирани 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР во изјава за Centar.mk.

За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР за Centar.mk.

Леснотијата со која се издаваат брзите кредити им даде плодна почва на измамниците. Кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет.

Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

Агресивните кампањи што ги водат таканаречените „продавници за пари„ лесно ги придобиваат граѓаните кои тонат во долгови и влегуваат во вртлогот подигни два за да затвориш еден кредит. Високи камати, провизии, а има случаи каде компанија за брзи кредити наплаќала и испраќање на писмена опомена.

По серијата анализи и текстови од власта најавија дека следуваат измени на Законот за финансиски друштва, што ќе ги ограничи трошоците што граѓаните ги имаат при користење на таканаречените брзи кредити.