Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Луѓето кои јадат поспоро имаат тенденција за губење на килограмите, објавија јапонските научници.
Истражувањето е спроведено на 60.000 луѓе и објавено во познато списание, а тоа а поврзува брзината со која јадеме со промената на телесната тежина.
„Промената на брзина со која јадеме, може да води до промена на тежината и индексот на телесната маса и опсегот на струкот“ велат научниците од универзитетот во Кјушу.
Научниците проучиле податоци на личности со дијабетис и други болести. Луѓето кои кажале дека јадат „пополека“ во просек имаат најмал опсег на струкот. Само 21.5% дијабетичари од таа категорија имале прекумерна тежина. Личностите кои јадат „нормално“ и „брзо“ во просек имаат поголем индекс на телесна тежина и поширок струк.
Но најважно, личностите кои отпосле ќе го успорат начинот на јадење, почнале да губат на тежина. „Интересно истражување кое го потврди она што сме го претпоставувале, односно дека брзината на јадење влијае на тежината“ велат научниците.