„Брзата птица итрица“ снимена на улиците во Хрватска (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Граѓаните на хрватскиот град Петриње беа изненадени кога на улиците забележаа „птица-тркачка“ како од цртаниот филм со брзата птица итрица и којотот.

Стануваше збор за ему кое бегаше по снегот, а излегло од излетничкото место „Корабија Тишиниќ“, откако силниот ветар ја срушил оградата зад која се наоѓала птицата.

„Во рок од неколку часа оградата беше поправена, а животното беше вратено во своето живеалиште“, изјави сопственикот на локалитетот.

Емуто одвај стоеше на нозе поради снегот и лизгавиот терен, но не се откажа. Неговата авантура, за среќа, заврши без лоши последици.