Брза лековитост на воспаление на грлото…!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најбрзите начини е веднаш да земете нешто од производите кои го намалуваат воспалението, потеченоста и надразнетоста, по што грлото помалку боли. Во случај да ги немате, ќе ги купите во најблиската аптерка без рецепт.

Сол и вода

Штом почувствувате пецкање и надразнетос во грлото, земете малку млака вода со обична сол и гаргарајте. Тоа можете да го правите неколкупати дневно, бидејќи на тој начин ги уништувате бактериите. Докторите обично препорачуваат отпивање од една чаша вода и половина лажица сол. По гаргарањето плукнете ја водата, а ако вкусот ви е пресолен ставете малку мед.

Сируп

Ако малку почнувате да кашлате обавезно купете сируп бидејќи така ќе спречите понатамошно разболување и лесно ќе го издржите работниот ден.

Пијте многу течности

Како и кај секоја настинка многу е важно цело време да пиете чај или вода за да не дехидрирате. Течноста ќе го испира болното грло па подобро ќе се чувствувате. Добро ќе ви дојде и домашна супа.