Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тотенхем го победи Арсенал 2:0, во дербито на северен Лондон, кое се одигра во рамките на 35.коло во Премиер лигата.
Дербито на северен Лондон, 184-то по ред, му припадна на Тотенхем, кој на „Вајт Харт Лејн“ го совлада најголемиот ривал Арсенал 2:0. Тотенхем ја запиша 60-та победа во дуелите со Арсенал, кој остана на 80 победи.
Тимот на Маурисо Покетино со оваа победа ја продолжи потерата по Челзи во борбата за шампионската титула.
Тотенехем против Арсенал ја забележа деветтата победа во низа, а до неа стигна во вториот дел со головите на Деле Али и Хари Кејн постигнати во 56. и 57.минута.