Брутално убиен водачот на навивачката група „Гробари“ (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа во Белград е убиен водачот на навивачката група „Гробари“,Љубомир Марковиќ-Кича.

Брутално со шест куршуми е ликвидиран еден од најозогласените фанови на Партизан, кој беше обвинет за обиството на Французинот Брус Татон во Белград.

Најпрво доби 30-годишна казна, а потоа му беше намалена казната на 15 години по што излезе од затвор во 2017 година.

Марковиќ е познато име во навивачките кругови, но и во белградското подземје. Репутацијата ја доби како водач на озогласената навивачка подгрупа на Партизан, популарната „Алкатраз“.

Марковиќ се обидел да избега, но бил погоден неколку пати и паднал. Потоа убиецот се доближил до Марковиќ и со два куршуми во главата го убил на лице место.