Брутално претепан новинарот Зоран Божиновски – со скршен нос заврши во болница


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, вечерта во текот на вчерашниот ден бил претепан од две непознати лица пред неговиот дом во Битола, пренесуваат медиумите.

Тој, како што потврдила неговата сопруга за „Плусинфо“ која и самата била со него за време на нападот, со повреди бил пренесен во битолската болница.

Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде што му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.

Информацијата и фотографиите од претепувањето на сопственикот на „Буревесник“ прв ја соопшти Љупчо Палевски на својот фејсбук-профил.

Божиновски, според тврдењата на неговата сопруга Панда Солунчевска, бил претепан пред неговата куќа во Битола, а напаѓачите најверојатно носеле метални боксирачи на рацете.

„Се враќавме од пат во Скопје, каде што бевме со автобус. Напаѓачите очигледно точно знаеле кога ќе стасаме пред куќниот праг. Крвнички се нафрлија врз Зоран. Беа маскирани. Меѓу прстите на рацете имаа некакви метални додатоци. Мене не ме нападнаа. Ужасната, јас силно спискав и свикав и дури потоа тие го оставија Зоран претепан и тешко повреден“, изјавила Солунчевска за „Плусинфо“.

Случајот бил пријавен во полиција, од каде што засега сè уште нема информации за настанот.

Инаку, ова не е прв физички напад врз сопственикот на „Буревесник“, кој се најде и на обвинителна клупа во случајот „Шпион“.