Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Припадничка на француската полиција била брутално нападната за време на новогодишната ноќ во Париз, а веднаш потоа беше објавена и видео снимка на интернет.
Хулиганите што ја тепале полицајката, наводно, самите го снимиле нападот и го објавиле, објави британски „Мирор“. Полициската службеничка која не е именувана, на снимката е опкружена со повеќе хулигани кои брутално ја клоцаат додека таа лежи на подот, а остатокот од бандата вика во знак на поддршка за напаѓачите.
Друг полицаец, нејзиниот претпоставен, кој исто така бил брутално претепан, употребил солзавец во самоодбрана и во еден момент наводно го извадил пиштолот, но не пукал врз напаѓачите. Неочекуваниот инцидент се случил во неделата навечер откако полицијата била повикана во југоисточниот дел на Париз, во голема мера населен со имигранти.
Снимките објавени на социјалните мрежи предизвикаа гнев низ цела Франција, а се огласи и претседателот Емануел Макрон кои се обврза дека криминалците многу брзо ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
„Виновниците за кукавичкото и криминално линчување на полицајците кои само ја вршеа својата должност ноќта на 31 декември ќе бидат пронајдени и казнети“, рече тој, додавајќи: „Силата ќе го поддржи законот. Оддавам почест на полицијата и целосна поддршка за сите службеници нападнати на толку низок начин“.
Неговиот министер за одбрана се придружи во осудувањето на насилството во „гетоизираните“ француски предградија, за кое рече дека „мора да запре“.