Брутално искрениот меил од Бордејн до Освалт за храната во Париз


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Комичарот Патон Освалт сподели меил кој го добил од прерано заминатата кулинарска легенда Ентони Бордејн, кој на совршен начин го доловува бескомпромисниот дух на патувачкиот кулинар.

Комичарот и неговата сопруга Мередит Саленџер планирале да одат во јуни на меден месец во Париз, па нивните пријатели и роднини им направиле листа на нешта кои треба да ги направат и места кои треба да ги посетат и на кои треба да јадат кога се во Градот на светлината.

Освалт, потоа, таа листа му ја пратил на Бордејн.

„Фан и обожавател сум ти и морам да ти кажам дека ова не е начин на кој се ужива во Париз“, директно и направо му вратил Бордејн. „Заеби ги овие. Сите нив. Такви ги имаш насекаде“.

Потоа, Ентони му напишал негова листа со пет нешта, која почнувала со „Пробувај и планирај што е можно помалку“. Продолжува со конкретни, кратки и јасни препораки за што и каде да проба.