Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неверојатни сцени доаѓаат од Русија, каде легендата на италијанскиот фудбал Алесандро дел Пјеро доживеа голема непријатност.
Имено, Италијанецот сакаше да влезе во хотелот каде што се наоѓаат аргентинските фудбалери кои играат пријателска средба против Русија, но еден човек од обезбедувањето не му дозволуваше да влезе.
Иако сите околу него му укажуваа на фактот дека тоа е Дел Пјеро, икона на светскиот фудбал, сепак „глупакот“ не сакаше да попушти.
За среќа дошол еден од тренерите на аргентинската репрезентација, па го „внесол“ Дел Пјеро во хотелот.
Алекс потоа направи спектакуларно селфи заедно со Дибала, Агуеро и Меси и преку социјалните мрежи праша:
„Кој ќе беше „десетката“ ако игравме заедно во ист тим“.