Брозовиќ во елемент: Џабе има Ферари кога е „сељак во душа“ (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После завршувањето на сезоната, фудбалерите заминаа на одмор, а членот на Интер и хрватската репрезентација, Марсело Брозовиќ, деновите за одморање ги поминува на себе својствен начин.

На видеото кое се шири на Интернет може да се види и чуе дека Брозовиќ воопшто не ја крие својата љубов кон брзите и луксузни автомобили и лесните ноти, бидејќи тој се снимал како го вози својот Ферари додека од него трешти „Гадура“ од Миле Китиќ.

Повеќето коментари на Фејсбук се со погрдни зборови, па нема потреба да ви ги пренесуваме, но можете да замислите за што сè му префрлаат фановите.