Брокерскиот „волк“ Шиф: „Америка ќе ја загуби трговската војна, доларот ќе слабее, а ќе зајакне моќта на…“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според економските и берзански проценки на брокерскиот ветеран Питер Шиф, тој очекува значајно враќање на моќта и зголемување на цената на златото, како последица на моменталната трговска војна која е во оптек помеѓу САД и Кина.

Според него, оние инвеститори кои се против златото, наскоро ќе бидат разочарани, бидејќи цената на овој благороден метал ќе се зголеми.

Цената на златото оваа година е падната од 1400 долари, на 1200 долари. Некои велат дека причината за тоа се американските федерални резерви, кои ја зголемиле каматната стапка, но Шиф има поинакво мислење.

Како што смета тој, тоа се случува поради колективната заблуда на инвеститорите ширум светот, дека американската економија всушност напредува (што според него не е точно) и дека САД би можела да победи во трговската војна (иако е невозможно, додава тој).

„Кога реалноста ќе ги удри по глава, мислам дека цената ќе се зголеми многу побрзо отколку што е сега“, стои во изјавата на Шиф.

Според Шиф, американската економија била меур, во моментот кога Доналд Трамп бил избран за претседател, но, вели, тој само дополнително додал воздух во тој балон.

„Ако даночните обврзници не ги плаќаат реформите за данокот на доход, тоа ќе влијае на зголемување на долгот, зголемена инфлација и зголемување на потрошувачките цени. Ако економијата оди во подлабока рецесија, изгледа дека ќе ја загубиме трговската војна“, вели Шиф.

„Сето тоа ќе влијае за колапс на америкаснкиот долар, а потоа луѓето ќе брзаат да купат злато“, додал тој.