Бројрк со „романски тепих“ на себе – фустан изработен од 25.000 Сваровски кристали


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Популарната исладнска пејачка и уметница Бјорк, позната по уникатниот стил и необичните модни избори, пред неколку дена, на својот концерт одржан на фестивалот во Корнвол, Англија, се појави во фустан кој е своевидна реинтерпретација на традиционален романски тепих.

Дизајнот на овој фустан е потпишан од дизајнерката Лана Думитру и архитектот Влад Тену. Дизајнот е посебно интересен бидејќи фустанот е во целост изработен од Сваровски кристали.

На изработката на фустанот, за кој беа пришиени 25.000 кристали, работеше тим од 15 луѓе во период од шест месеци.

Бјорк има склоност кон уникатната облека, а овој фустан во целост е во нејзин стил“, пишува Vogue.

A post shared by Gucci (@gucci) on

Сепак, врв на нејзиниот екстравагантен стил беше фустанот Gucci за чија изработка ба потребни повеќе од 550 часа, а кој го носеше во спотот од песната „The Gate“. Овој фустан во кој Бјорк изгледаше како футуристичка вила, се шири во неколку шлепови, во форма на ромб, има ракава во форма на крила, а предниот дел личи на пеперутка.