Бројот на жртвите во двојниот атентат во Дамаск се зголеми на 60


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во двојниот напад изведен во Стариот град на Дамаск убиени се речиси 60 луѓе, а повредени се неколку десетици, повеќето ирачки шиитски аџии во еден од најкрвавите напади во сириската престолнина во шесте години од избувнувањето на војната, соопштија во саботата вечерта од опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на извештаи од своите активисти на теренот.

„Најмалку еден бомбаш самоубиец се разнел во Стариот град на југоистокот од Дамаск“, изјавил за AFP, Рахман Абделрахман, директор на SOHR. Според него, убиени се најмалку 59 луѓе, од кои 47 се ирачки шииттски аџии и 12 војници лојални на владата во Дамаск,, а повеќе десетици се ранети, од кои некои тешко.

Очевидец на фоторепортерот на AFP му потврдил дека вториот напад се случил кога минувачите се собрале да им помогнат на повредените по првата експлозија,

Сириската државана телевизија објави дека властите го деактивирале експлозивот поставен на мотоцикл поставен во близина на гробиштата Баб ас-Сагир.

Во овој комплекс се сместени бројни шиитски мавзолеи на свети лица, и светилишта за шиитските аџии. Гробиштата Баб ас-Сагир имаат големо значење на муслиманите шиити , бидејќи таму се погребани учесници од историската битка кај Карбала.

Сириските власти уште не ја изменија информацијата за 44 загинати и околу 120 повредени, и оти станува збор за две експлозии на импровизирани експлозивни направи. Цели на напаѓачите биле автобуси со коишто шиитските аџии патувале кон гробиштата.

Одговорноста за овој напад крај гробиштата Баб ас-Сагир засега никој не ја презема. Но одговорноста за ваквите претходни напади ги преземаа џухадистичките сунитски организации како Исламската држава и сириската Ал Каеда за кои шиитите се неверници.