Бројот на заразени лица од КОВИД-19 во светот надмина 1 милион – над 50.000 починати


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според официјалните статистички податоци, во текот на вчерашниот ден бројката на заразени од коронавирусот во светски рамки надмина цифра од 1 милион лица. Речиси половина од нив се регистрирани во европските земји.

На чело на листата на земјите со најмногу заболени се наоѓаат Соединетите Американски Држави со околу 240.000. случаи, а по нив следат Италија со 115.000, Шпанија со 110.000 случаи, Германија со 85.000 заболени.

До синоќа вкупно во светот беа евидентирани околу 52.000 починати од коронаирусот. Од нив околу 14.000 се во Италија, 10.000 во Шпанија, по околу 5.000 во САД и во Франција… Досега се излекувани околу 220.000 од заразените.

Во Македонија вчера бројот на заболени се зголеми за нови 30, со што вкупната бројка достигна до 384, од кои 11 починаа, а 17 се излекувани. Зголемување на бројот на заразени и починати има и во другите балкански земји. По Србија завчера, вчера и Хрватска ја надмина границата од 1.000 заболени. Најмногу починати има во Турција – 356 и во Грција – повеќе од 50.