Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трагачко-спасувачката акција по преживеани и за извлекување на телата на загинатите во земјотресите што ја погодија Албанија се привршува, а до сега, како што објави премиерот Рама, бројот на загинати е 49.
Спасувачките екипи се концентрирани во потрага по настрадани под урнатините на еден хотел на крајбрежјето на приморскиот град Драч.
Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, рече дека вкупниот број на повредени е искачен на 2.000 лица.
Во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер, што на почетокот на неделава ја погоди Албанија, најголеми штети претрпеа подрачјата на Драч, Тирана и местото Тумане.