Бројките се движат од 140.000 до 1,5 милиони: Колку народ имаше на протестот во Атина?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според известувањето на атинската полиција, на вчерашниот протестот на плоштадот Синтагма учествувале 140 илјади граѓани.

Организаторите на протестот велат дека на плоштадот имало 1,5 милион демонстранти. Главното мото на овој протест беше „Македонија е грчка”, а организаторите од власта бараат во новото име на нивниот северен сосед да го нема терминот „Македонија”.

Според официјални податоци, површината на поширокиот дел од плоштадот Синтагма во Атина е 50.000 квадратни метри. Полициските стандарди се дека на еден квадратен метар за време на протести стојат 3-4 лица.

Според аналитичарите и новинарите во Грција, протестот не беше само патриотски, туку доби и антивладин карактер.

Оттука, не случајна е и реакцијата од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас: „Земјотресот и милионите демонстранти кои си ги замислуваа организаторите и Андонис Самарас и Кирјакос Мицотакис останаа само желба. Мнозинството грчки граѓани кои останаа пред телевизорите, без оглед на нивното мислење, се согласуваат дека надворешно-политичките прашања не треба да се решаваат со фанатизам и нетолеранција““, пишува во соопштението“.

„Мирниот соживот на луѓето, безбедноста и стабилноста на Балканоте најдобрата гаранција за обезбедување на националните интереси“, соопшти и владеачката партија СИРИЗА.

Протестот преку твитер го прокоментира и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Тој напиша дека „рејтинг агенциите денеска добија демант… Продолжувам, со мирна совест и одговорност да преговарам за доброто на татковината“, напиша Коѕијас.