Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
4-годишниот Теди Хобс, детенце кое само научило да чита на две години, стана најмладиот член на британската МЕНСА.
Теди може да брои до 100 на шест јазици, вклучувајќи го и мандаринскиот.
„Со гледање телевизија и слушање и копирање на звуците на гласовите, тој научи да чита на 26 месеци“, изјавила мајката на Теди, Бет Хобс за Би-Би-Си.
Еден ден неговите родители го слушнале како изговара зборови кои не ги разбираат. Зачудената мајка го прашала Теди за што зборува, а тој открил дека брои на мандарински.
“Тој стана член на Менса на три години, што во моментов го прави најмладиот член на организацијата во Британија. Тој почнува да сфаќа дека неговите пријатели сè уште не знаат да читаат и не разбира зошто. Важно ни е да остане приземјен и да препознае дека секое дете има индивидуални таленти“, додава мајката на малиот генијалец.
Менса прифаќа поединци кои постигнуваат резултати во 98-от перцентил или повисоко на одобрениот тест за интелигенција.