Брканица како на GTA: Украде оклопно возило и нагази „до даска“ по улиците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Војникот кој украде воен оклопен транспортер, дивееше по градските сообраќајници во американска Вирџинија, кршејќи ги сите сообраќајни правила и надминувајќи ја дозволената максимална брзина за такви возила во градски услови од 65 километри на час.

Не можејќи да го запре околопното возило со вообичаени начини на примена на сила, пример со пукање во гумите, полицијата мораше да го брка тенкот и да го следи со хеликоптер, додека војникот не реши да го запре оклопното возило и да се предаде.

„Изгледаше како потера од играта Grand Theft Auto кога тенкот аздисуваше низ градот. Беше надреално“; изјави еден возач и очевидец на настанот.

Оклопното возило, кое не беше вооружено, леташе по асфалтот со брзина од над 70 км/час. Истото војникот го украл од базата на Националната гарда на Вирџинија и го возел по главните патишта до главниот град на државата, Ричмонд.

Бизарната потера на североистокот од САД, во која учествувале повеќе од 10 полициски автомобили, се случи во вторникот вечерта.