Бркал личен ќеф со народни пари: СЈО побара обвинителна пресуда за Груевски за „она на М“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес во Кривичниот суд во Скопје беа изнесени завршните зборови од страна на претставниците на Специјалното јавно обвинителств во случајот „Тенк“ кој се однесува на набавката на фамозниот Мерцедес од 580.000 евра.

Осудителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, побараа обвинителите Стевче Донев и Гаврил Бубевски, во денешниот завршен збор за случајот Тенк, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

– Од изведените докази се утврдува фактичката состојба во обвинението, рече обвинителот Стевче Донев.

Обвинителот појасни дека било јасно дека е фаворизирана компанијата Мак Ауто Старт која била генерален застапник на мерцедес, а со условот возилото да се сервисира во овластен сервисер дополнително се исклучила конкуренцијата бидејќи само оваа компанија била овластен сервисер.

Дека Мак ауто старт била фаворизирана според обвинителот се докажува и од доказите од меѓусебната комуникација на вработени од компанијата кои посочиле дека спецификацијата, односно тендерската документација, ќе била во соогласност со понудата која веќе им ја дале на МВР.

Дека понудата била однапред дадена според обвинителот се докажува и од тоа што таа била препишана во спецификацијата и тоа со сите печатни и технички грешки.

Исто така, една комуникација по меил помеѓу менаџер од Мак Ауто Старт и претставник од фабриката во Германија е видливо дека возилото веќе било спремно и се чувало за Македонија.

Извор: Фокус