Британците ја реметат Маркл: „Зошто носиш гомце на главата“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меган Маркл плени внимание на божиќната церемонија во Сандрингам, но поради модниот избор стана мета на ремет и шеги на социјалните мрежи.

Голем број британски медиуми се распишаа за нејзината шапка која, според мислењето на некои модни експерти, не бил баш најдобар избор.

Британците заклучија дека Меган имала проблем и со наклонот на кралицата, а забележале и момент кога таа го плази јазикот. Освен тоа, тврдат дека Кејт Мидлтон, која е навикната на кралските протоколи, изгледала многу попрефинето.

За прво појавување во јавноста со кралицата, 36-годишната Меган Маркл одбра луксузен капут чија цена е околу 980 фунти, додека торбичката која ја носеше е нешто поскапа, околу 1.400 фунти.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи најмногу запнаа околу нејзината шапка, која ја споредуваа со „poop emoji“.