Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бугарската плажа „Сончев брег“ (или во оригинал Слънчев бряг) е новата дестинација за младите британски похотници кои незадржливо и без усул до лани аздисуваа на елитната Зрче во Хрватска, пренесува The Sun.
Омилени летни дестинации за младите Британци досега беа Магалуф на Мајорка (која многумина ја нарекуваат „европската Содома и Гомора“) и хрватската Зрче. Но, изгледа дека „Слънчев бряг“ на голема врата станува сериозна конкуренција за овие две летни дестинации и тоа главно заради цените, но како што пишуваат Британците, и заради проституцијата.
Многу млади Британци веќе сезонски работат на оваа бугарски крајморски епицентар за летни журки и тврдат дека глетките таму се нешто што навистина ретко може да се види – од голотија на јавни места, преку тепачки, до останати пијани инциденти.
Цените на „Слънчев бряг“ се толку ниски што половина литар пиво чини помалку од една фунта, а две лица можат да вечераат (вклучувајќи и шише вино) за околу 20 фунти. Често се нудат и понуди како што се 10 текили за 4 фунти и слично.
„Имам видено луѓе како спијат по клубови и на разни чудни места, сум видел и како кршат нозе, исчашуваат глуждови или си ги исекуваат стапалата со срчи, бидејќи цело време шетаат боси по улици. Овде може да се танцува гол на шанк, па често се случува тие кои се забавуваат на таков начин, да падна, што е чудно, но е нормално за клубот каде што работев. Дури и слоганот им беше таков – „единствен бар каде што можеш да танцуваш гол на шанк“ – вака ја опишува атмосферата 23-годишниот Џон Валингтон за Wales Online, кој сезонски работи на Сончев брег.
На плажа може да се најдат еден куп клубови, ресторани и казина, а наводно Сончев брег е и главна дестинација за сексуални работнички и работници кои таму ги пикираат токму британските турсти, пренесува The Sun. Во Бугарија проституцијата не е легална. Сепак, тој занает е на големо поврзан со бугарското подземје и проститутките често се жртви на трговија со луѓе.
Пред да одат на летување на Сончев брег, Британците се предупредени да внимаваат за време на контактите со проститутките, бидејќи често се случува токму британските туристи да бидат жртви на напади и ограбувања од страна на проститутките.
„Во стриптиз клубовите знаат премногу да им наплаќаат на британските туристи, па им се закануваат со насилство доколку одбиваат или не можат да платат тие високи суми“, велат од британското министерство за надворешни работи.
Минатата година 281.000 туристи ја посетиле Бугарија, а многу од нив се упатиле токму на Сончев брег. Бугарската влада уште од 2017 година се труди да го намали бројот на туристите кои предизвикуваат немири во таа област, па таму често има рации во клубовите и на музичките фестивали. Сепак, изгледа дека ништо не може да ги одврати Британците од потрагата по бесна и луда забава.