Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најновиот извештај за војната во Украина од разузнавачката служба на Британското Министерство за одбрана потсетува како руските власти забранија озлогласената руска платеничка група Вагнер да регрутира во затворите поради тензиите со военото раководство во Москва. Додаваат дека пред тоа Вагнер регрутирал голем број осуденици од руските затвори и ги пратил на фронтот во Украина, пренесува А1Он.
Британското воено разузнавање известува дека основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, сега многу веројатно се префрлил на обидот да регрутира слободни руски граѓани. Така, Вагнер формираше центри за регрутирање во спортски центри на најмалку 40 локации низ Русија од почетокот на март, се вели во извештајот.
„Во текот на изминатите неколку дена, маскирани Вагнерци задолжени за регрутирање одржаа предавања за кариера во московските средни училишта и дистрибуираа прашалници со наслов „апликација за млад воин“ за да соберат информации за контакт од заинтересирани ученици“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
Во извештајот се наведува и дека околу половина од осудените испратени во Украина најверојатно биле убиени или ранети. „Новите иницијативи веројатно нема да ги компензираат загубите на осудените во редовите на Вагнер“, се вели во извештајот.
„Доколку се задржи забраната за регрутирање затвореници, Пригожин најверојатно ќе биде принуден да го намали интензитетот на операциите на Вагнер во Украина“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 13 March 2023
Find out more about Defence Intelligence: https://t.co/qi9pyI0NXr
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/hc3RfWFhvf
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 13, 2023