Британските универзитети со закон забранија интимни односи меѓу професори и студенти


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Професорите и сите други вработени кадри од академскиот, стручниот и административниот персонал во универзитетите ќе бидат „силно обесхрабрени“ од какви било блиски лични односи со студентите „што ги пречекорува границите на професионалното однесување“, истакнуваат коментарите во врска со новата регулатива на повеќе универзитети на островот.

Универзитетите што одлучија да ја почитуваат оваа регулатива велат дека до овие одлуки дошле после многу месеци и консултации и брејнстормирање за да се дојде до најдобрите политики за оваа тематика.

Оние што подолго време го следат развојот на дебатата на темата „интимни односи“ и злоупотребата моќта на наставни-научниот кадар на иниверзитетите во Велика Британија велат дека овој развој е последица на повиците за забрана на „несоодветни односи“ тргна од активизмот на групата „It Happens Here“ на Студентски сојуз на Универзитетот Оксфорд која покрена кампања против сексуалното насилство во универзитетот.

Непримерните односи произлегуваат од злоупотребата на моќта

Студентската група пред две години предупреди дека таквите односи „покренуваат прашања поврзани со нееднаквоста на моќта во односите, или перципираниот фаворитизам или поткопувањето на довербата во академскиот процес“.

Според постоечката политика на универзитетот, интимните односи се силно обесхрабрени и мора да се изјаснат на ресорниот менаџер, но не се забранети. Новата политика, со која тие ќе бидат забранети, ќе започне од 17 април.

Примерот на Оксфорд го прифатија уште неколку други универзитети кои ги забранија односите меѓу персоналот и студентите, меѓу кои и Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Нотингем.

Канцеларијата за студенти (OfS), како едно од телата за регулација на високото образование, минатиот месец започна консултации за новите регулативи за универзитетите за справување со вознемирувањето и сексуалното недолично однесување на кампусите.

Плановите вклучуваат или принудување на персоналот да ги открие односите со студентите или целосно забрана на односите меѓу персоналот и студентите.

Сузан Лапворт, извршна директорка на Канцеларијата за студенти вели дека тргнуваат од „нерамнотежата на моќта на односи што може да биде искористена од бескрупулозниот персонал за да ги подложи студентите на вознемирување или сексуално недолично однесување“.

Според интерните информации на Универзитетот Оксфорд во последните 5 години имало пет студентски поплаки за недолично сексуално однесување на персоналот на овој универзитет и За сите била спроведена соодветна постапка согласно досегашните политики што го уредуваа(т) ова прашање во кампусот, но само еден член од вработените били суспендиран и отпуштен.

Универзитетите ги слушнаа барањата на Студентскиот сојуз за построги санкции за сексуално недолично однесување

Синдикатот на студентите од Оксфорд повика на построги санкции против вработените на универзитетот за кои постојат приговори за сексуално недолично однесување против нив.

Портпаролот на универзитетот најави дека Оксфорд „напорно работи на изградба на култура каде што студентите ќе се чувствуваат безбедно и каде што сексуалното насилство и вознемирување нема да се толерираат“.

Новата политика за забрана на интимни и други недолични односи меѓу студентите и универзитетскиот персонал кои вклучуваат и судир на интереси, веќе ја применуваат и некои универзитети преку океанот во САД како што се универзитетите од Ајви лигата во Америка во која се опфатени Принстон, Харвард и Јеил.

На оваа нова регулатива им претходеа и повеќе истражувања на Националната унија на студенти како онаа од пред пет години која покажа дека околу 80 отсто од студентите се чувствуваат непријатно поради тоа што персоналот има интимни или сексуални односи со студенти.

Истражувањето кое опфати речиси 2.000 студенти, исто така, покажа дека 40 отсто од испитаниците доживеале барем еден случај на сексуално вознемирување од универзитетскиот персонал, додека повеќе од 10 отсто од испитаниците изјавиле дека биле допрени од член на персоналот на начин што ги натерало да им биде непријатно.