Home Спорт Британските медиуми тврдат: Агентот на Роналдо ги обновил преговорите со Челзи

Британските медиуми тврдат: Агентот на Роналдо ги обновил преговорите со Челзи

Жорге Мендеш, агент на фудбалскиот ас Кристиано Роналдо, ги обновил преговорите со Челзи за евентуален трансфер на Португалецот, пренесуваат медиумите на Островот.

Мендеш пред неколку недели го понуди Роналдо на „сините“, но тогаш тренерот Томас Тухел кажа дека не е заинтересиран за Португалецот.

Мендеш сака да провери дали Тухел го променил своето мислење, а британските медиуми пишуваат дека менаџерот се уште бара клуб за Роналдо, кој игра во Лигата на шампиони.

Од друга страна Челзи не успеа да донесе засилување во нападот, па сега Роналдо може да биде добра опција, но сепак примарна цел е Обамејанг од Барселона.

Мендеш е во контакт и со Наполи, но двете страни се далеку од договор, а време има се помалку за евентуален трансфер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…