Британските медиуми: Пропаѓа планот на Тереза Меј за Брегзит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планот за Брегзит е мртов , а Меј доживеа понижување од првите луѓе на Европската Унија на неформалниот самит во Салцбург, пренесуваат и тврдат дел од британските медиуми.

Првите луѓе на ЕУ најавија дека ќе се обидат да се постигне напредок во преговорите за Брегзит следниот месец , но ја предупредија Меј дека очекуваат напредок во ставовите поврзани со трговијата и прашањето за границите со Ирска.

И претседателот на Европскиот Совет , Доналд Туск се надева дека на самитот на лидерите на ЕУ во октомври ќе биде постигнат напредок . Доколку не биде постигнат исклучителен напредок , тогаш нема потреба да се организира специјален самит за Брегзит во ноември, смета Туск.

Британската премиерка , пак , ги замоли лидерите на ЕУ да ги еволуираат своите ставови и го пофали својот план ,,Чекерс” , наречен по нејзината резиденција.

Британските медиуми денеска на насловните страници напишаа дека планот е пропаднат и дека првите луѓе на ЕУ ја навредиле Меј.