Актуелно

Британскиот парламент пак го отфрли договорот за Брегзит – опозицијата бара вонредни избори

Британскиот парламент повторно го отфрли договорот кој беше постигнат помеѓу британската премиерка Тереза Меј и Европската унија за излегувањето на Британија од унијата.

Против договорот со условите за излегување на Британија од ЕУ гласаа 391 пратеник, а „за“ беа 242, пренесува Би-би-си.

Кога парламентот на 15 јануари првпат се изјаснуваше за договорот, против гласаа 432 пратеници, а за беа 202.

Резултатот на денешното гласање значи дека британските пратеници утре ќе се изјаснуваат дали Британија да ја напушти ЕУ на 29 март без договор.

Ако парламентот утре го отфрли и излегувањето од Европската Унија без договор, во четврток ќе се гласа за тоа дали од ЕУ да се бара одложување на брегзитот за најмногу три месеци.

Лидерот на британската опозиција Џереми Корбин кажа дека е „време за нови општи избори“.

Advertisements
To Top