Британски вештачки острови постари од древниот Стоунхенџ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите кои ги наведува списанието Science Alert, во подалечното минато од човечката историја, древните народи кои ги населувале северните британски острови, не живееле само на копно. Тие изградиле илјадници мистериозни вештачки островчиња низ денешните Шкотска, Ирска и Велс.

Островите што во англиското говорно подрачје се нарекуваат Cranny (вештачки остров), биле изградени од праисториските луѓе во студените води на реките, езерата и морињата.

Археолозите досега имаат само претпоставки за нивната старост. Прво сметале дека се од железно време и биле направени за прв пат пред околу 800 години. п.н.е. Но, според последната студија, овие мистериозни формации се чини дека се направени многу порано или илјадници години пред да се претпостави.

Научниците откриле преку истражувања со јаглерод-14 дека некои од овие вештачки древни островци потекнуваат од 3640 до 3360 п.н.е. . Тоа би значело дека тие се стари околу 5.500 години и биле направени дури и пред светски познатиот Стоунхенџ.

“Овие острови укажуваат на тоа дека пред илјадници години древните луѓе вложиле огромен напор за изградба на мали острови. Тие ги правеле, така што во една област се собираат со тони карпи и камења, ”, изјави археологот Стјуарт Фрејзер од Универзитетот во Саутемптон.

Се започна во 2012 година кога Крис Мареј, поранешен нуркач во Кралската морнарица, го истражувал просторот околу вештачки острови на Лох Арниш што се среде езеро во Шкотска. Тој наишол на неочекувана подводна локација, или голем број добро сочувани неолитски садови.

Наскоро, археолозите отишле во потрага и заедно со тој остров, ги истражувале другите во областа. До сега се пронајдени околу 200 керамички садови, а на вештачкиот остров Лох Боргастеил , биле откриени и дрвени греди кои древните луѓе веројатно ги користеле за да се стабилизира камената градба.

Археолозите не можат со сигурност да кажат што точно беше целта на овие вештачки островчиња. Но, со оглед колку напор е направен за да ги изградат – некои камења имаат тежина до 250 килограми – јасно е дека тие се објекти кои имале големо значење за праисториската заедница.