Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оглед на веќе познатиот и потврден факт дека два часа пред светот да дознае за смртта на кралицата Елизабета, за тоа била информирана новата британска премиерка Лиз Трас, сега формално се знае и точното време на смрт на кралицата.
Трас била информирана во 4 ипол попладне, а веста била објавена во 6 ипол часот по британско време. Бидејќи Лондон е час понапред пред Скопје, тоа значи дека негде во 5 ипол по наше кралицата веќе била почината, пренесува Мондо.
– На новата премиерка Лиз Трас ѝ беше кажано дека кралицата починала два часа пред светот да дознае. Г-ѓа Трас била информирана за смртта на кралицата во 16.30 часот – изјави Сајмон Кејс, официјалниот портпарол на премиерката.
По 17 часот, неколку автомобили, вклучително и џип Ренџ Ровер управуван од принцот Вилијам, со принцот Ендру на совозачкото седиште и принцот Едвард и Софија во задниот дел, пристигнале во Балморал. Сето ова се случило по седницата во парламентот, на која пратениците изгледале многу потресени. Извесен Надим Захави влегол во салата и ѝ пришол на премиерката Трас и ѝ ја предал пораката за смртта, а потоа тивко се искраднал од салата.
Премиерката Трас изјавила дека со смртта на кралицата завршува „уште едно елизабетанско доба“, а обраќањето го заврши со „Бог да го спаси кралот“. Таа се осврна на Чарлс, кој отсега ќе биде познат како Чарлс III:
– Денес круната преминува, како што тоа се прави повеќе од илјада години, на нашиот нов монарх, нашиот нов шеф на државата, неговото височество кралот Чарлс III.
Освен Чарлс, Кејт и Вилијам, отсега ќе бидат познати како војводата и војвотката од Корнвол и Кембриџ.