Британската кралица ја изнесе програмата на новата влада


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британската кралица Елизабета Втора денеска во парламентот ја изложи програмата на новата влада на Велика Британија во која доминираат подготовките за излез на земјата од Европската Унија, пренесуваат британските медиуми.

Како што пренесуваат медиумите, говорот на кралицата бил краток, што според нив, претставува одраз на намалувањето на моќта на британската премиерка Тереза Меј, по катастрофалниот резултат од превремените избори, на кои изгуби голем број пратеници.

Кралицата најави формирање нова комисија за борба против тероризмот и донесување стратегија за борба против тероризмот која ќе се однесува на казни за терористички делувања и сузбивање на екстремизмот на интернет. Таа најави и донесување закон за вооружени сили. Британската кралица ги продолжи своите државни обврски и покрај тоа што нејзиниот 96-годишен сопруг се наоѓа во болница.