Британка ќарки 18.000 фунти бидејќи го погоди името кое го доби новото кралско бебе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека британската војвотка Меган Маркл, сопруга на принцот Хари, беше во бремена состојба, по британските обложувалници интензивно беше кладењето за неколку параметри поврзани со доаѓањето на свето на новиот принц.

Британците се обложуваа на полот на бебето, името и датумот на раѓање. Квотите беа големи, а една среќничка вложила 120 фунти дека бебето на Меган и Хари ќе го добие името Арчи.

Поради кралската принова, жената, чиј идентитет не е откриен, се збогати со дури 18.120 фунти. Внукот на жената што го доби облогот се вика Арчи и својата добивка таа планира да ја чува за него.

„Во име на Арчи вложив пари бидејќи така се вика мојот внук, кој всушност е роден на ист ден како и принцот. ислев дека ќе биде забавно да се обложам и мојот Арчи ми донесе среќа“, објасни добитничката.