Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еден извор вклучен во истрагата истакнал дека парите од Русија или се украдени, или пак имаат криминално потекло.
Некои од највлијателните британски банки, како што е HSBC и Royal Bank of Scotland, извршувале трансакции во вредност од речиси 740 милиони долари кои што биле испрани од страна на руските криминалци, пренесуваат западните медиуми.
Како што пренесува британски Гардијан, овој голем процес на перење на пари бил поврзан со руската Влада и руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
HSBC, Royal Bank of Scotland, Lloyds и Barclays се наоѓаат меѓу вкупно 17 банки со седишта во Велика Британија, или во најмала рака со ограноци во оваа земја, а кои се соочуваат со прашањата околу меѓународната мрежа на перење на пари. Многумина го поставуваат и прашањето зошто овие банки не одбиле да извршат трансфер на така сомнителни пари.
Новинарите на „Гардијан“ имале увид во документите кои што покажуваат како најмалку 20 милијарди долари биле извлечени од Русија во периодот од 2010 до 2014 година, а се верува дека сумата може да се искачи дури и до 80 милијарди долари.
Еден извор кој што бил вклучен во големата истрага открил дека парите од Русија или се украдени, или пак имаат некакво криминално потекло. Истражителите се обидуваат да идентификуваат некои угледни или политички влијателни Руси кои што учествувале во операцијата за перење на пари, наречена The Global Laundromat.
Понатаму, наведено е дека над 500 луѓе биле вклучени во таа операција, а меѓу нив имало и познати олигарси, московски банкари и вработени во руската Федерална служба за безбедност – наследникот на советски КГБ, пренесува британски Гардијан.
До извештајот за перењето на пари, операција наречена The Global Laundromat, дошле од Проектот за известувања за организиран криминал и корупција (OCCRP) и Новаја Газета. Информциите пристигнале до нив, како што се вели, од анонимни извори. Од OCCRP ги споделиле овие информации со Гардијан, како и со медиумски партнери во 32 земји ширум светот.
Документите покажувале детали за над 70 илјади трансакции, вклучувајќи и 1920 кои што минатата година биле извршени во британските банки, како и 372 кои што минале низ американските банки.