Британија ја цензурираше оваа реклама – собрани 700.000 потписи против забраната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако британските регулатри ја цензурираа божиќната реклама на супермаркетот „Iceland“, еден човек започна иницијатива за петиција со која се бара укинување на забраната за емитување на истата.

Рекламата на „Iceland“ ги покажува деструктивните последици на производството на палмино масло.

Марк Топс, кој е татко на три деца, ја гледал рекламата со неговата петгодишна ќерка кога одлучил да ја направи петицијата. Досега собрал скоро 700.000 потписи.

„Кога прв пат ја гледав рекламата, ме погоди. А, можев да заклучам дека ако допре до моите чувства тогаш ќе допре и до чувствата на децата поради форматот на анимиран филм во кој е изработена“, рекол Топс за Euro News.

Синџирот супермаркети „Iceland“ сакал рекламата изработена од еко-групацијата „Greenpeace“ да ја емитува за божиќните празници. Видеото било забрането од „Clearcast“, британското регулативно тело одговорно за телевизиските реклами, поради тоа што поддржувало политичко прашање.

Маркетите „Iceland“ сакаат да го отстранат палминото масло од нивните производи до крајот на оваа година. Видеото, синхронизирано од актерката Ема Томпсон, е дел од напорите да се охрабрат потрошувачите да ги бојкотираат ваквите прехранбени производи за време на празничниот период.

Рекламата е споделена повеќе од 90 илјади пати од официјалниот Твитер профил на супермаркетот.

„Greenpeace“ тврди дека производителите на палмино масло последниве три години уништиле површина на дождовна шума двојно поголема од површината на Сингапур. Деструкцијата на шумата е главна причина за изумирањето на орангутаните од Борнео, чија популација се преполовила за 16 години.