Британија и САД со забрани за авиотранспорт на поголеми електронски уреди


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според последните одлуки, на патниците од одредени аеродроми од Турција, Јордан, Египет, Саудска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Кувајт, Мароко и Катар кои се упатуваат кон САД, ќе им се проверуваат електронските уреди кои ги носат со себе, како таблети, лап топи, камери.

Аеродромите имаат време од 96 часа за да ги имплементираат безбедносните мерки, во спротивно ќе им биде забранет влез во САД на патниците. Мобилните телефони и медицински апарати е дозволено да се пренесуваат.

Слична одлука е донесена и во Велика Британија, од каде што истакнуваат дека таблети и лап топи не е дозволено да се пренесуваат од патниците кои се упатуваат кон Велика Британија од следните земји: Турција, Либан, Јордан, Еипет, Тунис и Саудиска Арабија.

Рестрикциите е предвидено да траат седум месеци и ќе започнат да се реализираат во сабота. Властите во САД сметаат дека рестрикциите се преземаат заради потенцијалните закани поврзани со авио сообраќајот во САД  заради како што велат, досегашните настани и напади на патници на аеродромите во изминатите неколку години.