Британија и порно филмовите – „лажната пуританка“ ја подели британската јавност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако британскиот Парламент го усвои предлог-законот за цензура на интернет, некои од најпопуларните жанрови на порно филмови ќе бидат забранети, пишува британски „Дејли Мирор“.

Британскиот Совет за оценување на онлајн содржини е подготвено да ги блокира сите филмови, кои по својата соддржина не можат да бидат дистрибуирани на ДВД и оние кои соддржат „неконвенционални сексуални дејствија“.

Така, Британците засекогаш би можеле да се простат од филмовите кои прикажуваат секс во јавност, насилство и секс во текот на месечниот циклус. На списокот на забранети ќе се најдат и филмови кои прикажуваат сцени на уринирање, женска ејакулација и самозадоволување со предмети, како лименки или шишиња.

Наводно се очекуваат и драстични казни за сите порно страници кои не ја контролираат возраст на своите корисници.

Иако е прашањето дали воопшто ќе стапи на сила, законот веќе ја подели британската јавност, затоа што еден дел смета дека државата не треба да се меша во изборот на порно филмовите за возрасните луѓе, а Џоди Гинсберг од Советот за оценување онлајн содржини веќе ја нарекоа „лажна пуританка“.