Advertisements
Славни

„Британија е американска конкубина“: Памела Андерсон во одбрана на Асанж

Славната Памела Андерсон преку Твитер упати остри критики до британската и еквадоската влада, откако преку соработка на двете влади минатиот четврток во еквадорската амбасада во Лондон беше уапсен основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж – човекот кој го промени дискурсот на јавното информирање во изминативе неколку години.

Памела ја нарече Велика Британија „американска к**ва“, додавајќи дека апсењето на Асанж е начин да се сврти вниманието на британската и европска јавност од Брегзит.

Со серија твитови на популарната социјална платфора, бившата ѕвезда од серијата „Baywatch“ која е една од поблиските славни пријателки на Асанж, со кого се спријатели за време на неговиот политички азил во еквадорскиот конзулат, жестоко и отворено застана во одбрана на Џулијан. За дел од медиумите тоа беше доволна причина за дополнително да ги „разгорат“ муабетите за наводна романса меѓу нив двајца.

„Во шок сум. Не можев јасно да чујам што рече. Изгледаше многу лошо. Како можеше, Еквадоре? Како можеше, Велика Британијо? Секако, ти си американска к**ва и ти треба одвлекување на вниманието од идиотското срање Брегзит“, стои во жестокиот твит од Андерсон.

Пам на Твитер распали и по американскиот претседател, Доналд Трамп, нарекувајќи го „отровна кукавица од претседател“.

Андерсон често го посетуваше основачот на „Викиликс“ за време на неговиот азилантски престој во еквадорскиот конзулат во Лондон, откако во 2014 година со него ја запозна модната дизајнерка Вивиен Вествуд.

Во интервју за Fox News, во август 2018 година, актерката изјави дека Асанж е една од нејзините омилеи личности, притоа негирајќи ги гласините за било каква романтична врска меѓу нив двајца.

Таа и пред апсењето на Асанж, во неколку наврати, јавно изрази загриженост за неговото нарушено здравје, откако минатиот март му беа укинати посетите во амбасадата. Често го бранеше во нејзините медиумски настапи, потенцирајќи дека тој е политички затвореник и херој.

Advertisements

Најпопуларно

To Top