Британија дала дозвола испораката на руски гас да се плаќа преку „Газпромбанк“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Велика Британија дала дозвола на руската „Газпромбанк“ и нејзините филијали да вршат платежни трансакции до 31 мај, со цел да се обезбеди испорака на гас за Европската унија, се наведува во документ на британското Министерство за финансии, цитирано од Ројтерс.

Лиценцата овластува физичко лице или компанија да продолжи да плаќа преку таа банка според договори склучени пред 21 април и дозволува други дејствија како што се отворање и затворање банкарска сметка да вршат такви плаќања, се вели во документот на Министерството за финансии објавен на интернет.