Брисел го стопираше воведувањето на 5G технологија заради високо ниво на радијација


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерката за животна средина, Целин Фремо, изјави дека Брисел го стопираше имплементирањето на 5G технологијата во мобилната телефонија поради наводно високиот степен на радијација кој ќе биде штетен за граѓаните, пренесува Капитал.

„Не можеме да воведеме таква технологија ако не ги почитуваме стандардите за радијација кои мора да ги штитат граѓаните!”, изјави министерката Фремо. „Луѓето од Брисел не се заморчиња чие здравје може да се продаде со профит. Не можеме да оставиме сомнеж“, додаде Фремо.

Пилот-проектот не е изводлив со сегашните стандарди за радијација, а Фремо рече дека нема намера да направи исклучок, пишува The Brussels Times. Регионот Брисел има особено строги стандарди за радијација за телекомуникациски апликации.

Стандардот од 6 волти на метар веќе предизвика проблеми со брзиот мобилен интернет преку 4G мрежата во главниот град на Белгија.

Минатата недела владата во Белгија повторно не успеа да постигне договор за дозволата за 5G мрежа и нејзиното воведување во земјата.

„Документите со овој случај останаа заглавени во процедурата. Следната влада што ќе дојде на власт ќе се справи со овој предлог “, рече министерот за телекомуникации Филип Де Бакер, минатата недела.