Бриџит Троњо и младешкиот изглед: Откриена нејзината тајна – и не, не евтина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Французинките отсекогаш важеле за жени со стил, а новата прва дама на Франција, Бриџит Троњо, е уште еден парадигматичен доказ за тоа.

Иако е 25 години постара од нејзиниот сопруг, новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, а истовремено е и баба, Бриџит изгледа многу помладо од своите 64 години. Во создавањето на тој впечаток голема улога игра нејзиниот стил, бидејќи првата дама често може да се види во фармерки, но има и некои други трикови со кои се послужила.

Иако никогаш јавно не проговорила за начините на кои го одржува својот младешки изгелд, лекарот Рос Пери, основач на Cosmetics Clinics, за Daily Mail изјави дека нејзиното главно оружје за витката и атлетска фигура е мудро одбраната фризура која го отвора лицето, а го сокрива вратот и сите оние знаци на стареење. Други експерти тврдат дека има навлаки на забите, дека има вбризган ботокс и дека се подложува на „фејслифтинг“.

Нејзиниот ормар би го посакале и оние кои се половина помлади од неа. Бриџит најчесто може да се види во елегантни фустанчиња, фармерки, па дури и кожени панталони. Медиумите пишуваат дека првата дама има исклучително скап стил и обожава дизајнирани парчиња облека, особено ако се со потпис од Луј Витон. Така, може да се види во првите редови на француската модна недела, на ревиите од најпознатите дизајнери како Кристијан Диор и слично. Обожава скапи чевли, како оние со потпис од Ревајвајл и Џанвито Роси, не се дели од својот Хермес часовник, а може да се види и во скапи и луксузни јакни. Ценетата стилистка Шантел Знидерик тврди дека Бриџит изгледа онака како што голем број жени можат само да сонуваат дека ќе изгледаат на нејзини години и дека нејзиниот стил е лежерно шик.

„Се облекува младешки, во класични добро скроени парчиња облека кои ласкаат на нејзината фигура. Освен тоа, носи тесни фармерки, какви што сакаат половина од жените. Нејзиниот едноставен сти, кој се состои од сако, блуза со едноставни линии и тесни панталони, во неутрални бои, обезбедува секогаш да изледа елегантно“, вели стилистката.

Додава дека Бриџит многу добро знае кои делови од своето тело треба да ги сокрива поради што изгледа посамоуверено.

„Таа е рок ен рол. Во ниту еден момент нема да рече:Еј, имам 64 години, не можам да носам минич. Потпетици од 15 см, фустани без ракави, кожени панталони, таа сето тоа може да си дозволи да го носи “, вели Делфине де Канесод за L’Express.

Истражувањата покажаа дека жените губат дел од косата после 50-та година, но Бриџит има коса која и понатаму е бујна. Фризерите веруваат дека веројатно има надоградба со екстензии за да додаде волумен на својата коса.

Кога станува збор за витка линија, експертите тврдат дека во прашање е генот.

„Веројатно е витка поради брзиот метаболизам, нејзиниот тонус на мускули е слаб, што покажува дека не посветува многу време на вежбање“, вели тренерот Диего Коре.

Друг тренер, Мат Филдс, мисли дека Бриџит можеби вежба пилатес, за да одржува природен изглед.