Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Данило Брестовац кој неодамна беше претставен за селектор на македонската ракометна репрезентација го објави поширокиот список на ракометари за квалификацискиот натпревар против Исланд за ЕП 2020 година.
Натпреварите ќе се играат на 10-ти април во Рејкјавик и четири дена подоцна во Скопје. За овие средби Брестовац повика вкупно 28 ракометари. Подоцна овој список ќе биде скратен.
Она што е големо изненадување и што може прво да се забележи е што на списокот на Брестовац го нема досегашниот стандарден член на репрезентацијата, Филип Лазаров.
Постоеа и гласини дека Филип Миркуловски може да биде повикан да помогне на овие средби, но тоа не се случи.
Во составот има млади ракометари како: Ненанд Костески од Струга и Марио Танкоски од Металург.