Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преку склучување на договор „тежок“ 1,83 милијарди евра (2,12 милијарди долари), брендот Michael Kors го купува планетарно популарниот бренд Versace и од компанијата најавија дека ќе го сменат името во „Capri Holdings”.
„Возбудени сме што Versace ќе стане дел од нашето семејство на луксузни брендови, а ние сме посветени на инвестирањето во неговиот раст, рече претседателот и главниот директор на Michael Kors, Џон Идол во соопштението за медиуми.
„Со полните ресурси на нашата група, веруваме дека Versace ќе порасне со над 2,0 милјарди долари приход. Веруваме дека здружените сили на брендовите Michael Kors и Jimmy Choo како и купувањето на Versace, ќе ни овозможи уште долги години да растеме, рече Идол.