Брендане, друже, што ти се случило?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Своевремено славниот актер Брендон Фрејзер блескаше и „палеше и жареше“ во Холивуд во 90-тите години на минатиот век.

Во филмот „Џорџ од џунглата“ покажа завидни мускули, па се стекна со голем број обожавателкикои воздивнуваа по него, а тој се прослави и со улогата во филмот „Мумија“.

Денес, тој е веќе малку заборавен бидејќи ретко се појавува во јавноста, а кога ќе се појави, тешко е да го препознае човек.

Актерот, кој во моментов има 52 години, е снимен на премиерата на „Ненадејни потези“ овој петок во Њујорк и физички значително се променил од времето на неговата најголема слава.

На социјалните мрежи се шпекулира дека оваа драстична физичка промена е за потребите на неговиот следен проект, „The Whale“, кој го режира Дарен Аронофски. Филмската приказна е фокусирана на дебел професор кој се обидува одново да се поврзе со неговата ќерка тинејџерка.

Во интервју за магазинот GQ, Фрејзер открил дека поминал неколку години во болница поради последиците од повредите што ги здобил за време на снимањето филмови и правејќи моќни сцени, без каскадери.

Меѓу другото, тој морал да направи ламинектомија, односно хируршка процедура со која се отстранува дел од ‘рбетот, а бидејќи операцијата не успеала од прва, тој морал да ја повтори следната година.

Првата голема улога Брендан ја добил во 1992 година во филмот „Праисториски човек од Калифорнија“, а неговата улога во „Џорџ од џунглата“ во 1997 година го лансира меѓу sвездите. Во 2000 година тој глумеше со Елизабет Харли во филмот „Волшебнијкот“ и можеби доби најголемо внимание во јавноста за улогата во филмската серија „Мумија“, каде играше заедно со Рејчел Вајс.

Последните неколку години не се појавил во значајни улоги и многу ретко се појавува во јавноста. Во едно од ретките интервјуа за списанието GQ, тој открил зошто скоро целосно исчезнал од Холивуд.

Според него, актерот бил сексуално злоставуван во 2003 година од Филип Берк, кој тогаш бил претседател на Холивудската асоцијација за странски печат (ХФПА) – за време на ручек во хотел во Беверли Хилс.