Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, кој во 2011 година уби 77 луѓе и рани неколку десетици, психички и карактерно не се подобрил за време на неговиот престој во затвор и мора да остане зад решетки, рече државниот обвинител Хулда Карлсдотир за време на сослушувањето за барањето на Брејвик за условно ослободување.
– Тој не покажа сочувство или искрено жалење и продолжува да ја велича сопствената улога – рече Карлсдотир на крајот од тридневното сослушување.
Брејвик, кој тврди дека е „антимуслимански неонацист“, уби осум лица со автомобил-бомба во Осло, а потоа застрела уште 69, главно тинејџери на островот Утоја. Неговото дело се смета за најголемото злосторство во Норвешка.
Обвинителството претходно пред судот ги опиша убиствата, а денеска детално ги презентираше случаите на 33 преживеани кои беа ранети, од кои многу повеќепати и со трајна штета. Карлсдотир истакна дека верувањата на Брејвик дека повеќе нема да врши насилство едноставно не се веродостојни.
Брејвик (42) отслужува максимална казна од 21 година затвор, која може да биде продолжена на неодредено време доколку продолжи да се смета за закана за општеството. Тој поднел барање за условен отпуст, велејќи дека се надева дека на крајот ќе биде ослободен.
– Убеден сум дека сакам (да бидам ослободен) и дека нема да умрам во затвор. Мислам дека ќе бидам ослободен меѓу 2032 и 2070 година – изјави вчера Брејвик, кој до крајот на 2070 година ќе наполни 91 година.