Брегзит одложен за 31 јануари 2020


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Државите членки на Европската Унија постигнаа согласност за одложување на излегувањето на Велика Британија од Еврозоната, познато како Брегзит, за три месеци, поточно до 31 јануари 2020 година.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на својот профил на „Твитер“ потврди дека европските лидери се согласиле да го одложат излегувањето на Велика Британија од ЕУ до крајот на јануари.

Продолжувањето на рокот за успешна реализација на Брегзит значи дека Велика Британија може и порано да излезе од ЕУ, доколку пратениците од британскиот парламент успеат да се договорат и да го изгласаат договорот што веќе беше постигнат со ЕУ околу ова прашање.

Во Декларацијата на ЕУ, со која се надополнува договорот со Велика Британија, се наведува дека Европската Унија нема повеќе да седнува на преговарачка маса со оваа земја во однос на договорот за Брегзит.

Наспроти ова, британските парламентарци треба денеска да се изјаснат по предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата.