Брегзит го намали бројот на студентите во Британија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бројот на студентите од земјите од Европска унија кои студираат во Велика Британија се намалил по Брегзит.

Бројот на апликации до британските универзитети се намалил за 7 проценти, односно од 45.220 апликации сега има 42.070. Борјот на студенти од другите земји си останува приближно ист.

Лицата од ЕУ помалку аплицираат низ цела Британија. На пример, апликациите се намалени за 5 проценти во Северна Ирска, 2 проценти во Шкотска и 7 проценти во Велс. Забележано е намалување на апликации и на студентите кои учат за медицински сестри и тоа за 23 проценти.

Во декември, Guardian објави дека владата размислува за намалување на годишните студентски визи од 300.000 на 170.000, по Брегзит.

Намалувањето на бројот на студенти од ЕУ може да ја чини економијата 2 билиони фунти годишно.

Еве ги статистичките податоци.