Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Одделувањето на Велика Британија од Европската унија нема да има никакво влијание на економската соработката со Македонија. Потребно е само да се обнови договорот за трговска соработка и да се олеснат некои бариери за бизнисите, изјави претседавачот со Собранието на Стопанската комора, Антони Пешев на денешниот Бизнис форум на кој учествуваа македонски и бизнисмени од Јужен Лондон.
Со Обединетото Кралство имаме позитивен развој на соработката кој не е оптоварен со никави политички или економски птоблеми. За да се унапреди економската соработка би сакале да се решат неколку значајни прашања кои се однесуваат на либерализација на пазарот на работна сила, намалување на царинските и визните бариери посебно за бизнисите како и двојното оданочување, рече Пешев.
Пешев, како што рече, гледа перспектива и за британските инвестициите во замјава кои во иднина би требало да бидат со повисока додадена вредност и би отворале поголем број работни места за младите во змејава.
Според него, економската соработка со бизниси од Велика Британија може да се продлабочи во металопреработувачкиот сектор, обновливите извори на енергија, прехранбената индустрија и ИТ секторот.
Гери мек Донах, претседател на Стопанската комора на Јужен Лондон очекува соработката со македонски компании да се продлабочи во сите сектори.
Во Стопанската комора на Јужен Лондон имаме компании од сите сектори, и соработката очекуваме да се прошири кај сите. Денеска овде се претставници на 28 компании од сектторите производство на медицинска и хируршка опрема, прехранбена индустрија адвокатски дружтва. Дојдени сме да ги истражиме можностите за врски со овдешни бизнисмени, рече Мек Донах.
Трговската размена на Македонија и Велика Британија лани изнесувала 785 милиони долари и е зголемена за 17 отсто. Извозот изнесувал 58 милиони долари и е зголемен за 24 отсто. Во увозот кој е над 500 милиони доалри, најголем обем прават репроматеријалите за изработка на готови производи во странските директни инвестиции кои потоа се извезуваат.
Македонија извезува главно прехранбени производи и текстил во Велика Британија, а увазува благоросни материјали и репроматеријали за производството на инвестициите во технолошките зони.