Home Шоубизнис Бредли Купер и Ирина Шајк фотографирани заедно во Венеција

Бредли Купер и Ирина Шајк фотографирани заедно во Венеција

Папараците ја фотографираа поранешната двојка Бредли Купер и Ирина Шајк во Венеција.

Тие биле на брод со нивната ќерка Ли Де Шејн и мајката на Бредли, Глорија Купер.

Бредли и Ирина постојано се смешкале за време на патувањето, а актерот во еден момент ја прегрнал својата поранешна партнерка. По возењето со брод отишле на ручек.

Манекенката пред неколку дена откри дека била на одмор со своето поранешно момче. Таа објави фотографија на која Купер лежи без кошула на кајак. Шајк и Купер не се заедно четири години, а откако раскинаа заедно ја чуваат ќерката Леа. Во неколку наврати се шпекулираше дека парот се смирил, но двајцата никогаш не најавија обнова на врската.

Ирина неодамна беше снимана со Том Брејди, а еден гостин во ресторан рекол дека уживале во „приватна и затворена за јавноста“ вечера за двајца во Суши Азаб во населбата Трибека во Њујорк.

„Имав суши вечера и додека го завршував оброкот, влезе Том Брејди. Вработените веднаш го придружија спортистот во посебна, приватна соба. Неколку минути подоцна, додека бев надвор и разговарав со пријателите, ја видовме и Ирина како влегува во споменатата просторија“, рекол изворот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…