Бред си призна поради што Џоли решила да се разведе од него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Периодов славниот холивудски актер Бред Пит повторно ги живее најславните моменти од неговата импресивна актерска кариера, благодарение на фокусот кој врз него го насочија светските медиуми поради новото филмско остварување на Квентин Тарантино, „Once Upon A Time In Hollywood“, во кое Пит ја има една од главните улоги.

Освен бројните гостувања по филмски фестивали и премиери, тој најде време и за интервју со „New York Times“ во кое открива досега не баш познати и јавно изнесени детали од неговиот приватен живот.

Во интервјуто е опфатен и еден он најтешките периоди од животот на актерот, кога после 11 години заврши неговиот брак со Анџелина Џоли. Една од главните причини за крај на бракот била и склоноста на Бред кон алкохолот. Капката која ја прелила чашата е неговото опивање додека со целото семејство летале во приватен авион.

55 годишниот актер призна дека освен со алкохолизмот, тој низ својот живот се борел и со зависност од наркотици и дека кога го достигнал пикот на кариерата тој скоро секојдневно консумирал марихуана.

-Тоа беа деведесеттите години и целото тоа внимание кон мене баш и не ми годеше. Ми беше навистина непријатно заради сите тие очекувања и туѓи мислења. Во еден момент станав буквално несвесен за се што се случува околу мене, изјавил Пит.