Бред ѝ порача на Анџелина: Потпиши ги документите за развод или…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изминаа речиси три години откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит и, како што пренесуваат американските медиуми, можат да поминат уште три години додека разводот да се финализира.

Пит и неговиот правен тим презедоа некои нови чекори со цел Анџелина што побрзо да ги потпише бракоразводните документи, откако таа почна на големо да го одолговлекува процесот.

Холивудскиот актер ги замоли своите адвокати да побараат помош од судиите тие да одредат конечен датум, односно рок за финиширање на разводот и парична казна доколку Анџелина не се придржува до тие судски датуми.

„Тој беше неверојатно трпелив во текот на целиот бракоразводен процес, и покрај тоа што во повеќе наврати беше доведен до лудило. Болен е и уморен е од Анџелина која го одолговлекува нивниот развод месец за месец. За Џоли сето ова како да стана игра“, тврди извор близок на актерот.

Анџелина во неколку наврати се обиде да го одложи процесот за развод, наводно во обид да проба да го врати Пит во нејзиниот живот, но нејзините напори не вродија со плод.