Бред Пит: „Си го исполнив сонот, одвај чекам да им се пофалам на децата“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот актер Бред Пит во понеделникот ја повика Меѓународната Вселенска Станица и разговараше со астронаутот Ник, а сето тоа одеше во живо на NASA TV.

Пит го глуми астронаутот во својот најнов филм Ad Astra, кој во петок ќе почне да се прикажува во кино салите, а вселенскиот екипаж имаше можност да го изгледа филмското остварување пред неколку недели.

„Станица, овде Бред, ме слушате ли?“, праша актерот кога доби знак. „Еј, Бред, овде Ник. Те слушам јасно и гласно. Добре дојде на Меѓународната Вселенска Станица“, му одговори Ник Хаг.

Во текот на 20-минутниот разговор, тие разговараа за разни теми поврзани со истражувањето на вселената. Освен тоа, Пит го распрашуваше астронаутот за тековните проекти на кои работи. Тој му одговори дека е при крај со 200-дневната мисија и дека на почетокот од селдниот месец се враќа на Земјата.

Разговараа и за идниот проект Artemis, патувањето на Месечината, во кое на површината од земјиниот природен сателит треба да стапне првата жена. Во еден момент Пит на шега го праша Хаг кој подобро глумел астронаут – тој или Џорџ Клуни (во Gravity од 2013).

Хаг смеејќи се одговори дека Пит е подобар астронаут од Клуни.

„Ник, фала многу, ова беше апсолутно задоволство, исполнување на сонот“, му рече на крајот Пит. „Одвај чекам да им се пофалам на децата“.